Add parallel Print Page Options

Откривањето на Божјиот таен план

Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор. Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите. Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував, и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.) На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена. Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци. Од Радосната вест дознаваме дека тајната е во тоа што по заслуга на Исус Христос и нееврејските народи се соучесници во ветувањата што ги даде Бог, сонаследници со Евреите и органи на истото тело.

Бог беше многу милостив и благонаклонет спрема мене. Неговата сила ми даде дарба и задача да ја ширам Радосната вест. Спрема мене, најмалку достојниот од сите Божји избраници, Бог беше благонаклонет и ме одбра да им ја проповедам Радосната вест на нееврејските народи, веста дека им стојат на располагање неисцрпни богатства, се по заслуга на Христос. Бог, Создателот на се што постои, ме одбра да им го објаснувам на сите луѓе Божјиот план, што со векови[a] беше скриен во Неговиот ум.

10 Целта беше преку формирањето на Црквата[b] да им се покаже на сите владетели и власти во небесните простори дека Бог има многустрана мудрост.

11 Сето тоа беше во согласност со Божјиот вечен план, што се оствари преку нашиот Господ Исус Христос. 12 Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапуваме на Бог. 13 Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам. Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.

Молитва за духовна сила

14 Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко[c], 15 Создателот на секој род, и на небото и на Земјата. 16 Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи. 17 Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов, 18 за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов. 19 Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.

20 А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме, 21 нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!

Footnotes

  1. Ефешаните 3:9 Или: уште од самиот почеток.
  2. Ефешаните 3:10 Во која тогаш биле обединети и Евреи и неевреи.
  3. Ефешаните 3:14 Во некои ракописи пишува: пред Таткото на нашиот Господ Исус Христос.